ПРВ.мк
Свет

Зеленски алармира: Путин ќе продолжи да убива – мора да го сопреме сега, пред да удри по НАТО

Зеленски алармира: Путин ќе продолжи да убива – мора да го сопреме сега, пред да удри по НАТО
Escape

Украинскиот претседател Володимир Зеленски јасно порача од НАТО форумот во Хаг: Путин не покажува ни најмал знак дека сака да ја запре војната. Според Зеленски, сите мировни предлози – дури и оние од САД – се игнорирани од страна на Москва. Рускиот лидер, вели тој, го врзува своето политичко преживување со војната – „додека убива, живее“.

Разузнавачките служби на Украина, според Зеленски, потврдуваат дека Русија не само што нема намера да запре, туку веќе крои планови за воени операции и на територија на НАТО земји. Тоа значи дека Европа веќе не може да седи настрана.

„Мораме да бидеме подготвени – сега! Ако не го сопреме Путин во Украина, ќе мораме да се браниме во Европа“, предупреди Зеленски.

Тој го поддржа предлогот на Велика Британија и новите насоки на НАТО, според кои секоја земја-членка треба да троши најмалку 5% од БДП за одбрана. Според Зеленски, само така Европа може да ги изгасне руските илузии дека може да победи.

Зеленски истакна дека Украина не седи со скрстени раце – нивната одбранбена индустрија може да произведува преку 8 милиони дронови годишно, но за тоа им треба поддршка. Затоа повика на инвестиции од западните сојузници – за да го остварат тој капацитет.

Форумот во Хаг се одржува пред важниот НАТО самит, каде што се очекува Украина да го финализира дневниот ред заедно со САД. Зеленски и Трамп ќе имаат билатерална средба попладне, во обид да усогласат ставови околу понатамошната стратегија.

Самитот се случува само недела дена по неуспешната средба на Г7 во Канада, каде што ниту Трамп, ниту Зеленски не останаа до крај. Американската делегација тогаш бараше да се „омекне“ ставот за Русија – нешто што останатите членки на Г7 не го прифатија.

Mia Home Mavrovo