ПРВ.мк
Свет

Апокалипса во шумите на Измир: Турција се бори со големи шумски пожари

Апокалипса во шумите на Измир: Турција се бори со големи шумски пожари
Escape

Големи шумски пожари избувнаа во турската провинција Измир, зафаќајќи три различни округа. Турските медиуми јавуваат дека пожарите сè уште се активни, а гаснењето се одвива и од воздух и од копно. Засега не е утврдено што ја предизвикало огнената стихија, но властите ја следат состојбата внимателно.

Во акцијата за гаснење се ангажирани десетици авиони и хеликоптери, како и припадници на жандармеријата. Огнот е распространет и се прават големи напори за да се спречи неговото ширење кон населени места.

Локалните власти упатуваат апел до граѓаните за зголемена претпазливост и следење на официјалните препораки. Противпожарните тимови се на терен и работат под голем притисок, а ситуацијата се менува од час во час. Очекувањата се дека во текот на денот ќе има повеќе информации за евентуални штети и дали има загрозени животи или домови.

Mia Home Mavrovo