ПРВ.мк
Свет

Историски чекор: Специјален трибунал ќе ги суди руските злосторства

Историски чекор: Специјален трибунал ќе ги суди руските злосторства
Escape

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша договор со Советот на Европа за формирање Специјален трибунал, кој ќе има задача да ги процесуира руските воени злосторства поврзани со агресијата врз Украина. Потпишувањето се случи во Палатата на Европа во Стразбур, а Зеленски го оцени овој потег како историски чекор кон правда.

„Ова е почеток на процесот што ќе ја соочи Русија со последиците од својата агресија“, изјави тој, нагласувајќи дека правдата ќе стигне до сите што се одговорни. Зеленски го нарече ова интензивирање на „правната војна“, подвлекувајќи дека правниот систем ќе игра клучна улога во заштитата на човечките права и казнување на злосторствата.

Иако, според него, претстои долг пат, политичката основа веќе е поставена. Формирањето на Специјалниот трибунал се смета за нова фаза во меѓународните напори да се воспостави одговорност за кршењето на меѓународното право.

Mia Home Mavrovo