Унгарскиот премиер Виктор Орбан на самитот на НАТО во Хаг изјави дека Русија не претставува реална закана за алијансата, оценувајќи ја како помалку моќна од НАТО. Тој нагласи дека „вистинската опасност за Европа е губењето на конкурентноста“, додека за НАТО порача дека „нема што да бара во Украина“.
Орбан овој став го изнесе во време кога НАТО го разгледува зголемувањето на трошоците за одбрана, што беше главна тема на дводневниот самит почнат вчера во Холандија, а иницијативата ја предводи американскиот претседател Доналд Трамп.
Неговата изјава го предизвика вниманието на светската јавност и отвори прашања како ќе реагира Кремљ на ваквата оценка од сојузник во Европската Унија.