Уште едно поглавје на драмата околу фудбалскиот клуб Порто – по дебаклот на Светското клупско првенство, нивното враќање во Португалија не беше топло дочекано. На аеродромот во Порто, фановите изразија големо незадоволство, но нивниот протест прерасна во хаос. Свирежи и навреди прераснаа во фрлање предмети кон играчите и автобусот на стручниот штаб. Во еден момент, протестите ескалираа до точка кога автобусот беше запрен на аеродромот.
Полицијата мораше да интервенира и со употреба на гумени куршуми да ја контролира ситуацијата и да спречи понатамошно насилство.
Португалскиот клуб имаше тешко време на Светското клупско првенство во САД, каде што на трите натпревари во групната фаза забележа две ремија – 4:4 со Ал Ахли и 0:0 со Палмеирас – и еден пораз од Интер Мајами на Лионел Меси со 1:2.
Овој настан ја отсликува разочараноста на навивачите кои очекуваа повеќе од својот тим, а моменталната тензија на аеродромот е јасен знак за тежината на моменталната криза во клубот.
Видеото можете да го погледнете тука.