Во тешка сообраќајна несреќа што се случила ноќва околу 00:30 часот на улицата „523“ во Куманово, повредени се четири лица, од кои тројца малолетници.
Возилото „Фолксваген Голф“ со кумановски регистарски таблички, управувано од 26-годишниот Н.М. од село Герман, излетало од коловозот. Според информациите од СВР Куманово, тешки телесни повреди добиле возачот и 15-годишна девојка, додека 14-годишна и 16-годишен сопатници се здобиле со полесни повреди. Сите повредени се згрижени во Општата болница во Куманово.
Се работи на целосно расчистување на случајот.