Тажна вест доаѓа од Ханиоти на Халкидики, каде 19-годишно момче од Македонија го загуби животот откако се удави на централната плажа.
Според грчките медиуми, младото момче најверојатно доживеало срцев удар откако било извлечено од морето, под засега неразјаснети околности. Спасувачот кој бил дежурен, заедно со капачите, веднаш се обидел да му помогне и го реанимирал со дефибрилатор, додека набргу пристигнала и итната помош.
И покрај сите напори и медицинска интервенција, момчето не успеало да се спаси. Смртта била констатирана во здравствениот центар во Касандрија.
Оваа несреќа остави силен шок и тага кај сите присутни на плажата.