ПРВ.мк
Македонија

Џамбазов мета на лажни вести – „Моите блиски се потресени“

Џамбазов мета на лажни вести – „Моите блиски се потресени“
Escape

Игор Џамбазов стана жртва на лажно видео создадено со вештачка интелигенција, во кое е прикажан како тепа фармацевти и се жали на здравствени проблеми. Видеото, кое брзо се прошири на социјалните мрежи, вклучува измонтиран глас сличен на Џамбазов, лажна исповед за болки и инвалидска количка, како и промоција на сомнителен медицински третман.

„Јас сум отрпнат, но моите најблиски се потресени“, изјави актерот, додавајќи дека случајот е сериозен и бара надлежните да реагираат. Неговата сестра, која живее во САД, објави дека доживеала силен стрес од гледањето на видеото, мислејќи дека е вистинито.

Џамбазов истакна и дека „тепачот“ во видеото всушност личи на Тони Михајловски, негов колега кој исто така беше злоупотребен во слично видео.

Овие случаи се дел од поширок тренд на злоупотреба на јавни личности и лекари за лажно рекламирање преку AI-монтирани видеа. Имунологот д-р Петличковски и епидемиологот д-р Паноски се меѓу другите што биле цел на такви измами.

Лекарската комора остро реагираше, барајќи од Обвинителството и МВР итна акција за запирање на овие дигитални манипулации што ја нарушуваат професионалната етика и ја загрозуваат јавната доверба.

Mia Home Mavrovo