ПРВ.мк
Македонија

Пожарот во РЕК „Битола“ предизвика штети до 130.000 евра – се чека полициски извештај

Пожарот во РЕК „Битола“ предизвика штети до 130.000 евра – се чека полициски извештај
Escape

Во РЕК „Битола“ е направена првична проценка на штетата од пожарот што избувна пред осум дена во Термоблокот 2. Според осигурителната компанија која направи увид, штетата се проценува на сума од 100.000 до 130.000 евра. Сепак, сè уште се чека официјалниот извештај од криминалистичката полиција за да се утврди точната причина за пожарот, како и дали станува збор за евентуална саботажа.

Пожарот започнал во ормар за електро управување, но вработените брзо реагирале и започнале санација. Од РЕК информираат дека Термоблокот 2 веќе трета ноќ е активен, додека Блок 3 се приклучил повторно пред две ноќи. Блок 1 моментално е во годишен ремонт.

Портпаролката Оливера Михајловска изјави дека РЕК „Битола“ во моментов работи со две третини од вкупниот инсталиран капацитет, при што дневното производство надминува 3.000 мегават-часа по блок, што е важно со оглед на очекуваното зголемување на потрошувачката поради топлотниот бран.

Mia Home Mavrovo