ПРВ.мк
Македонија

(ФОТО) ИЗБРАНА НАЈДОБРАТА ПАСТРМАЈЛИЈА НА ПИТИЈАДА: Ресторанот „Снупи“ ја однесе победата

(ФОТО) ИЗБРАНА НАЈДОБРАТА ПАСТРМАЈЛИЈА НА ПИТИЈАДА: Ресторанот „Снупи“ ја однесе победата

Ресторанот „Снупи“ ја освои титулата за најдобра пастрмајлија на годинешното издание на Питијадата – Фестивалот на велешка пита и вино, каде што во конкуренција беа повеќе угостители кои ги претставија своите вештини во подготовката на овој традиционален велешки специјалитет.

За престижното признание се натпреваруваа мајстори на пастрмајлијата, секој со своја верзија на познатото јадење. Победникот беше избран врз основа на гласовите на стручното жири, кое ги оцени понудените специјалитети.

Првото место му припадна на ресторанот „Снупи“, кој со својата пастрмајлија успеа да го освои највисокото признание на фестивалот и да се истакне меѓу учесниците на годинешната Питијада.

Најнови вести