ПРВ.мк
Македонија

УЈП повикува: Поднесете ДДВ-04 пријави навреме и избегнете дополнителни трошоци и стрес

УЈП повикува: Поднесете ДДВ-04 пријави навреме и избегнете дополнителни трошоци и стрес

Управата за јавни приходи (УЈП) апелира до сите даночни обврзници да ги поднесат ДДВ-04 пријавите и да го платат даночниот долг за изминатиот даночен период навреме и одговорно. Целта е да се избегнат стрес и дополнителни финансиски трошоци.

Крајниот рок за поднесување на пријавите и плаќање на данокот е понеделник, 25 август 2025 година. До овој момент, според УЈП, само 11% од даночните обврзници ја имаат исполнето оваа законска обврска.

„УЈП апелира до сите обврзници да ги достават потребните документи до своите сметководители без одлагање, со цел да се избегнат казни и дополнителни трошоци. Навременото поднесување на ДДВ-04 пријавата и плаќање на даночниот долг е клучно за усогласување со даночните прописи, одржување на финансиската стабилност на деловните субјекти и поттикнување на развој на економијата“, соопшти УЈП.

Даночните обврзници кои имаат потреба од дополнителни информации или поддршка можат да се обратат на е-пошта: [email protected] или на телефонските броеви 0800 33 000 (фиксна линија) и 02 3253 200 (мобилен).

Escape