ПРВ.мк
Магазин

Забрана за Бресквица во Косово - ова е причината!

Забрана за Бресквица во Косово - ова е причината!

Српската пејачка Анѓела Игњатовиќ – Бресквица не беше пуштена да влезе во Косово, што резултираше со отказување на нејзиниот концерт во Косовска Митровица, јавува српски медиум.

Според досегашните информации, таа била запрена од страна на косовската полиција на административниот премин и вратена назад. Засега, причините за оваа забрана не се објавени.

Пејачката се обрати до своите фанови:

„Од срце ви благодарам што издвоивте време да дојдете вечерва да пееме заедно. За жал, мојот бенд и јас не успеавме да го поминеме административниот премин и вечерва нема да можеме да настапиме, но сигурна сум дека наскоро ќе се видиме и ќе ве известам за нов датум.“

Концертот во Северна Митровица бил организиран од Српска листа, а според потврда од организаторите, на место на Бресквица ќе настапи пејачот Боба Ракиќ.

Стои и контекст: минатата година Бресквица учествуваше на српскиот избор за Песма за Евровизија со песната „Гнездо орлово“, која доби реакции дека содржи политички импликации поврзани со Косово. Пејачката тогаш јавно ги отфрли тие тврдења.

Escape