Истанбул е единствениот град во светот каде што мачките уживаат исти права и внимание како и луѓето. Тие не се само миленици – туку дел од душата на овој мегаполис. Да си мачка во Истанбул е исто како да си света крава во Индија.
Во градот живеат околу еден милион мачки, и можете да ги сретнете буквално насекаде – пред продавници, во дворови, пред куќи или згради. Дури и прочуената Аја Софија има своја позната мачка по име Гли, која стана вистинска локална ѕвезда.
Грижата за мачките е длабоко вкоренета во истанбулската традиција. Луѓето секојдневно ги хранат, им оставаат вода и им градат мали куќички на улиците. Мачките се добредојдени во ресторани, кафулиња, барови, хотели, продавници и трговски центри, а интересно е што само тие имаат дозвола да влезат и во џамија.
На секој чекор во Истанбул ќе забележите поилки и хранилки за уличните мачки – доказ дека овој град навистина им припаѓа подеднакво и на луѓето и на нивните најмекани станари.