ПРВ.мк
Магазин

(ВИДЕО) Сараево му оддаде последна почит на Халид Бешлиќ: Градот се прости со легендата со солзи, тишина и песна!

(ВИДЕО) Сараево му оддаде последна почит на Халид Бешлиќ: Градот се прости со легендата со солзи, тишина и песна!

Граѓаните на Сараево со длабока тага и почит се собраа пред Младинскиот центар за да го испратат во вечноста еден од најголемите музички имиња на регионот – Халид Бешлиќ, кој почина на 72-годишна возраст.

На платото пред Центарот владееше тишина, а тажната атмосфера ја исполнија солзи, свеќи и неговите песни, кои ги пееја и хорски и индивидуално присутните – како последен поздрав за човекот што обележа генерации.

Пред поставената фотографија и голем банер со ликот на Халид, граѓаните оставаа свеќи и цвеќиња, додека новинарката Емела Бурџовиќ ги повика присутните на достоинствено збогување. Хорот „Алегро“ ја изведе емотивната песна „Прв бакнеж“ во акапела издание – момент кој ги расплака многумина.

Организатор на собирот беше сценографката Адиса Ватреш Селимовиќ, а повикот брзо се прошири на социјалните мрежи, мотивирајќи и други градови да организираат слични собири. Така, и во Тузла, на Плоштадот на слободата, се одржа комеморативен собир.

Шокот по неговата смрт се прошири низ целиот регион, а како знак на почит, неколку музички настани се откажани или одложени. Групата „Црвена јабука“ го откажа концертот во Скендерија, Петар Грашо ги откажа настапите во Сараево и Мостар, а „Дубиоза колектив“ ја одложи премиерата на својот нов спот.

На социјалните мрежи, безброј музички ѕвезди, јавни личности и политичари изразија сочувство и благодарност за неговото музичко наследство. Меѓу нив се: Здравко Чолиќ, Дино Мерлин, Ханка Палдум, Драгана Мирковиќ, Џејла Рамовиќ, Шемса Суљаковиќ, Неда Украден, Марија Шерифовиќ, Жељко Самарџиќ, Амира Медуњанин, Един Џеко, Јусуф Нуркиќ, Жељко Комшиќ и многу други.

Халид Бешлиќ останува запаметен како глас на емоцијата и душата на народот, чии песни ќе продолжат да живеат долго по него.

ВИДЕО

Escape