ПРВ.мк
Магазин

МАЈКАТА НА КАРДАШИЈАНС НАПРАВИ НЕВЕРОЈАТНА ТРАНСФОРМАЦИЈА: Има 70 години, а многумина велат дека изгледа како сестра на ќерките

МАЈКАТА НА КАРДАШИЈАНС НАПРАВИ НЕВЕРОЈАТНА ТРАНСФОРМАЦИЈА: Има 70 години, а многумина велат дека изгледа како сестра на ќерките

Крис Џенер повторно го привлече вниманието на јавноста со својот изглед, откако 70-годишната мајка на познатите сестри Кардашијан-Џенер се појави на свеченото отворање на Музејот на наративна уметност Лукас во Лос Анџелес.

На црвениот тепих Џенер ги покажа резултатите од својот најнов естетски зафат. Според американските медиуми, за фејслифтингот наводно издвоила околу 100.000 долари.

На настанот пристигнала заедно со долгогодишниот партнер Кори Гембл, со кого е во врска повеќе од десет години.

Нејзината последна трансформација започнала уште во мај 2025 година, кога нејзиниот тим потврдил дека била подложена на хируршки зафат кај пластичниот хирург д-р Стивен М. Левин.

Крис и претходно отворено зборувала за естетските интервенции. Во една од епизодите на семејното реално шоу, во разговор со ќерката Ким Кардашијан, таа се пошегувала дека по бројните корекции речиси ништо на неа не останало природно.

Нејзиното последно појавување предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, а дел од корисниците коментираат дека по трансформацијата изгледа значително помладо.