Според Законот за безбедност на сообраќајот во Србија, зимските гуми се задолжителни од 1 ноември кога на коловозот има снег, мраз или поледица. Додека поединечни возачи дури тогаш го бараат вулканизерот, сепак сѐ повеќе се оние кои не чекаат такви услови, а особено оние кои живеат во ридско-планинските подрачја.
Вулканизерите од Пожега овие денови имаат полни раце работа поради замената на летните со зимски пневматици. Без оглед на тоа што сѐ уште нема снег, Ивица Радојевиќ вели дека не треба да се чекаат такви услови.
„Летните гуми на нула степени немаат перформанси“
„Кај нас секое утро се нула, еден степен, летната гума нема свои перформанси на тие температури, зимската има“, вели Ивица Радојевиќ, вулканизер од Пожега.
Во однос на претходната, оваа година во работилницата на Симовиќ забележуваат поголем интерес кај возачите навреме да започнат со замена на гумите.
Петар Симовиќ, вулканизер, додава дека веќе десетина дена е започнато активно.
„Луѓето менуваат навреме, не е како изминатите години, да чекаат снег. Така што, доста е подобро и за работа и за сѐ. Нема мокри гуми, тркала, подобро се и балансира, не се ставаат тегови“.
Цени од 5 до 14.000 динари и повеќе
Минималната длабочина на шарите мора да биде четири милиметри, а за оние кои оваа сезона мора да купат нови гуми, на пазарот има голем избор. Ценете се движат во распон од 5 до 14.000 динари, но и значајно повеќе, особено за поскапите автомобили.
„Народот купува на други места, па монтира кај нас“, истакнува вулканизерот Мирослав Симовиќ.
Се препорачува и реголажа на трапот (оправање на геометријата)
Ивица Радојевиќ, вулканизер, објаснува дека „со секоја замена на гуми, препорака е да се направи и реголажа на трапот“.
„Поради геометријата на целокупниот автомобил за рамномерно да се трошат гумите и поради стабилноста на автомобилот, на крајот од сѐ поради безбедноста“.
Меѓутоа, според искуствата на вулканизерите, на тоа се одлучуваат околу триесет проценти од возачите.
Зимските гуми се задолжителни до 1. април. Надвор од населено место, особено таму каде што е задолжителна и зимската опрема, во багажникот треба да се имаат ланци или други средства за зголемување на тракцијата. Иако се пропишани и високи казни, заради лична безбедност неопходно е да се води сметка за исправноста на возилото и да се почитуваат прописите.
Да потсетиме, на српските планини одамна паднаа првите снегулки, додека формирање на снежна покривка во ридско-планинските предели на Србија, според најавите на метеоролозите, се очекува на почетокот, а во градовите и низините, во средината на ноември.








