ПРВ.мк
Магазин

Што задолжително треба да понесете за децата на одмор? Ова се лековите што ги препорачуваат педијатрите

Што задолжително треба да понесете за децата на одмор? Ова се лековите што ги препорачуваат педијатрите

Заминувањето на одмор со деца бара добра организација, а една од најважните подготовки е составувањето на патна аптека со основните лекови и медицински средства. Соодветно подготвен несесер може да помогне брзо да се реагира при најчестите здравствени проблеми што се јавуваат за време на патувањата.

Според препораките на педијатрите, родителите треба да понесат лекови за намалување на температура и болка, препарати против алергиски реакции, електролити за рехидратација и пробиотици кои можат да бидат корисни при промена на исхраната или водата. Покрај тоа, се препорачува да има крем со висок заштитен фактор, средство за нега по сончање, како и препарати против убоди од инсекти.

Децата кои редовно користат терапија треба да имаат доволна количина од своите лекови, заедно со упатства за правилно дозирање. Од друга страна, антибиотиците не треба да се користат без претходна препорака од лекар.

Експертите советуваат и лековите да се чуваат во оригиналното пакување и да бидат заштитени од високи температури и влага, особено при летни патувања. Доколку кај детето се појават симптоми како упорно повраќање, висока температура што не се намалува или сериозна алергиска реакција, потребно е веднаш да се побара медицинска помош.