ПРВ.мк
Магазин

„Јас го спасив него, а тој ме спаси мене“ – Лила откри која ѝ е вистинската најголема љубов!

„Јас го спасив него, а тој ме спаси мене“ – Лила откри која ѝ е вистинската најголема љубов!
Kristal

Водителката Лила Филиповска повторно ги разнежни своите следбеници со искрена и емотивна објава посветена на својот миленик Рагнар.

На најновата фотографија објавена на Инстаграм, Лила позира во бунда додека го држи Рагнар во прегратка. Под фотографијата напиша кратка, но моќна порака: „Јас го спасив него, тој ме спаси мене – Рагнар.“

Објавата веднаш предизвика бројни реакции и коментари, а многумина се запрашаа што стои зад овие зборови. Одговорот Лила го дала уште пред неколку месеци, кога отворено проговори за значењето што нејзините мачки го имаат во нејзиниот живот.

Таа откри дека Рагнар се појавил во период кога ѝ било особено тешко, пред седум години, додека Мајло дошол во нејзиниот живот пред две и пол години. За неа, тие не се само домашни миленици, туку вистинска терапија, безусловна љубов и дел од семејството.

Лила истакна дека токму тие ја научиле на трпеливост, смиреност и радост во малите нешта, но и на една важна лекција – дека љубовта не треба да се објаснува или оправдува пред никого.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo