ПРВ.мк
Црна Хроника

СИН ГО ПРОБОДЕЛ ТАТКОТО СО НОЖ, ПА ЛЕГНАЛ ДА СПИЕ!

СИН ГО ПРОБОДЕЛ ТАТКОТО СО НОЖ, ПА ЛЕГНАЛ ДА СПИЕ!
Kristal

Владaн Димитријевиќ (49) пред Вишиот суд во Белград негираше дека се обидел да го убие својот татко Михаило во семејната куќа во селото Заклопача, во близина на Белград. Тој тврди дека го прободел „случајно“, додека се оттуркувал со братот кој, како што вели, го држел одзади за рацете.

Според обвинението, инцидентот се случил на 28 април минатата година. Наводно, вечерта прво го ошамарил татка си по расправија околу тоа што не купиле леб, а рано наутро, околу 5:40 часот, му нанел убод со нож во стомакот, предизвикувајќи тешка телесна повреда опасна по живот.

На судењето, Владaн изјавил дека цел ден работел на нива, а кога се вратил дома, татко му и брат му биле пијани. По расправијата, полицијата ги однела во станица, но тој бил пуштен во текот на ноќта. Утрото повторно настанала кавга. Тој вели дека го зел ножот од масата „механички“, додека јадел, а во оттуркувањето со братот случајно го прободел татка си.

„Го сакам татко ми, не сакав да го убијам“, изјавил обвинетиот. Тврди дека не видел крв и дека подоцна легнал да спие, сè додека полицијата не ја скршила вратата и не го уапсила.

Тој негира и дека му се заканил на татка си, како и дека користел дрога, иако вештак утврдил зависност од наркотици. Судењето продолжува.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo