Кај двајца новопримени професионални војници е потврдена кожната болест скабиес, во јавноста позната како шуга.
По поставувањето на дијагнозата, лицата веднаш се изолирани и упатени на домашно лекување, во согласност со важечките здравствени протоколи. Истовремено се преземени превентивни мерки за да се спречи евентуално ширење на инфекцијата.
Од Воено-медицинскиот центар е спроведен епидемиолошки надзор, а надлежните постапуваат според стручните насоки и препораки.
Од Армијата за ТВ 24 изјавиле дека пред приемот и почетокот на обуката биле обезбедени сите услови за сместување, престој и работа во единицата, како и дека континуирано се спроведуваат превентивни и противепидемиски мерки за заштита на здравјето на персоналот.
















