ПРВ.мк
Балкан

СРПСКИОТ „ЏЕК МЕШАР“: За неколку дена уби 15 луѓе, меѓу нив и деца – крвавиот поход што ја замрзна Србија!

СРПСКИОТ „ЏЕК МЕШАР“: За неколку дена уби 15 луѓе, меѓу нив и деца – крвавиот поход што ја замрзна Србија!
Kristal

Пред точно 32 години, во јануари 1994, северот на Србија беше потресен од серија брутални убиства што и денес предизвикуваат морници. Во рок од неколку дена, во Суботица, Палиќ и Сегедин беа пронајдени телата на три семејства ликвидирани во сопствените домови.

Жртви беа семејствата Агатиќ и Петриќ во Србија, како и семејството Наѓ во Унгарија. Напаѓачите ладнокрвно ги застрелале сопружниците, а во еден од домовите било убиено и дете. Масакрот предизвикал паника – улиците се испразниле, а граѓаните се затвориле во своите домови, стравувајќи кој би можел да биде следен.

Истрагата траела 15 дена, по што било утврдено дека зад злосторствата стои група предводена од Маринко Магда, поранешен припадник на Легијата на странци и влијателен жител на Суботица.

Крвавиот поход започнал навечер со упад во куќата на семејството Петриќ, каде биле убиени брачниот пар и нивниот син. Потоа групата се упатила кон домот на Агатиќ, каде исто така биле застрелани сопружниците. Во една од куќите имало и две деца, но тие биле поштедени.

По едно од убиствата, на фасада во центарот на градот било испишано презимето на жртвите со црвена боја, што отвори сомнежи дека се работи за обид мотивот да се прикаже како политички, во време кога во регионот беснееше војна.

Случајот остана запаметен како еден од најкрвавите во поновата историја на Србија.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo