ПРВ.мк
Култура

Со чест и гордост – министерот му ја додели Специјалната награда на Дариус Конџи на „Манаки“

Со чест и гордост – министерот му ја додели Специјалната награда на Дариус Конџи на „Манаки“

На фестивалот „Манаки“, симбол на сонот на браќата Манаки кои први ја заробија светлината на овие простори, вечерва беше врачена Специјалната награда „Златна камера 300“ на еден од најголемите мајстори на визуелниот јазик – Дариус Конџи.

Добитникот на Наградата за животно дело во Кан (2022) и номиниран за Оскар, Конџи е уметникот зад незаборавните слики во „Седум“, „Полноќ во Париз“, „Непроценливи дијаманти“, „Окја“, „Евита“ и „Загубениот град Зет“.

„Уметникот што го направи мракот поубав од светлината“, како што го нарекуваат, сега стана дел од големата приказна на фестивалот во Битола.

Овој настан уште еднаш потврдува дека Манаки не е само фестивалска програма – тоа е момент кога филмот станува светски сон на македонско платно.

Escape