ПРВ.мк
Свет

Скандал во Америка: Прегратката на Трамп со вдовицата на Кирк ја подели јавноста

Скандал во Америка: Прегратката на Трамп со вдовицата на Кирк ја подели јавноста

Комеморацијата за трагично починатиот конзервативен активист Чарли Кирк доби неочекуван пресврт кога Доналд Трамп, на крајот од својот говор, ја повика вдовицата Ерика Кирк на сцената и ја прегрна пред речиси 100.000 луѓе.

Моментот веднаш предизвика лавина реакции на социјалните мрежи. Дел од јавноста го доживеа како емотивен чин на сочувство, но многумина го оценија како несоодветен и непријатен за комеморативен настан. „Ова е срамно за гледање“, „Изгледа инсценирано“ и „Нешто не е во ред со таа жена“ – беа само дел од коментарите што преплавија интернетот.

Некои корисници дури ја обвинија Ерика Кирк дека „глуми“ на сцената, а не навистина ја изразува болката од загубата, алудирајќи дека политиката го засенила настанот.

Сепак, Ерика во својата проштална порака остави силен впечаток. Со скршено срце, но со порака за простување, таа им се обрати на присутните: „Мојот сопруг Чарли сакаше да спасува млади луѓе. Му простувам затоа што тоа би го направил Христос и тоа би го направил Чарли. Одговорот на омразата не е омраза“.

Нејзините зборови, изречени на стадионот „Стејт Фарм“ во Феникс, беа проследени со аплауз, но скандалот со прегратката на Трамп остана во центарот на вниманието и ја подели американската јавност.

Escape