Министерот за култура и туризам денес го презентира завршеното целосно обновување и реконструкција на Спомен-куќата на народниот херој Благој Јанков – Мучето, проект вреден 2,5 милиони денари.

По повеќе од пет децении, музејскиот објект денес добива нов лик и нов дух. Вратен е автентичниот изглед на куќата, поставени се современи музејски витрини и збогатена е музејската поставка. Дополнително, е изградена и помошна зграда за презентации, промоции и едукативни работилници, а просторот околу музејот е целосно уреден.

Министерот истакнува дека оваа интервенција не е само техничка, туку инвестиција во идентитетот, културата и историската меморија на Македонија. Спомен-куќата на Благој Јанков – Мучето ќе остане простор за помнење, учење и инспирација за сегашните и идните генерации.








