ПРВ.мк
Македонија

Пожар во депонија кај Арачиново го задуши Скопје со чад – се сомнева на подметнување

Пожар во депонија кај Арачиново го задуши Скопје со чад – се сомнева на подметнување

Вечерва повторно се шири неподнослива миризба на чад низ повеќе скопски населби, а причината е пожар во депонијата во близина на Арачиново.

Според првичните информации, пожарникарите кои пристигнале на местото ја затекнале вратата на депонијата отворена, а во внатрешноста горел голем број пакувања со сончоглед. Пламените јазици брзо го зафатиле и дел од депонијата, што дополнително ја влошило ситуацијата.

Се сомнева дека сончогледот бил намерно запален, со што е предизвикано опожарувањето. Поради насоката на ветерот, чадот се прошири кон Скопје, оставајќи непријатен мирис и загадување што вечерва го чувствуваат граѓаните.

Властите апелираат за внимателност и најавуваат истрага околу причините и евентуалното подметнување на пожарот.

Escape