ПРВ.мк
Балкан

Првиот снег на Балканот: Кредарица во Словенија побелена

Првиот снег на Балканот: Кредарица во Словенија побелена

На Кредарица во Словенија падна првиот есенски снег оваа сезона, со дебелина од околу еден сантиметар, информира Агенцијата за животна средина (Арсо).

Метеоролозите објаснуваат дека снегот е последица на студен фронт и дека постои можност да се прошири и на другите највисоки врвови на Словенија во наредните денови. Сепак, засега се очекува да не трае долго.

Тие истакнуваат дека појава на снег на високите планини во лето или рана есен не е необична. Исто така, Кредарица и Канин беа побелени со снег и на почетокот на јули оваа година, што е вообичаена природна појава за овие височини.

Escape