На 24 септември 2025 година, околу 14:30 часот, во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот „Борис Трајковски“, пред крстосницата со улицата „Христо Татарчев“, патничко возило „Даеву“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.К. (35) од Скопје, удрило во пешакот З.Т. (59) од Скопје.
Во несреќата, жената се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Скопје за да се утврдат сите околности и причините за несреќата.