Министерот за култура и туризам денес ја посети црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Струмица, значаен духовен и културен објект, каде се изведуваат конзерваторски работи.

За реализација на проектот Министерството обезбеди 15 милиони денари, а конзервацијата е во напредна фаза и се очекува да заврши до крајот на 2027 година.

Храмот, изграден во 1911 година, претставува важен дел од духовното и културното наследство на Македонија, кое Министерството се обврзува да го зачува и пренесе на идните генерации.

