ПРВ.мк
Култура

Министерот Зоран Љутков со Владата најавува довршување на „Стариот театар“ во Струмица – проект во застој повеќе од седум години

Министерот Зоран Љутков со Владата најавува довршување на „Стариот театар“ во Струмица – проект во застој повеќе од седум години

Денеска, заедно со Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, Потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски и пратениците Жан Дрвошанов и Ели Панова, ја посетивме Струмица за да ја најавиме обновата и довршувањето на изградбата на „Стариот театар“.

Овој капитален културен проект беше во застој повеќе од седум години, но благодарение на активностите на Министерството за култура и туризам и обезбедените 198 милиони денари (околу 3,5 милиони евра), работите конечно продолжуваат.

Во 2024 година беше извршена детална ревизија на проектот, анализирани се сите претходни фази на изведба, и избран е нов изведувач. Целта е „Стариот театар“ да биде комплетно завршен до крајот на 2026 година, за да стане достоен простор за култура и уметност во Струмица.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape