Вечерва во Крушево, местото каде пред точно 122 години се роди големата надеж за Македонија, министерот Љутков заедно со претседателката Гордана Силјановска-Давкова и вицепремиерот Александар Николоски го одбележаа значајниот јубилеј од Крушевската Република.


Овие „Десет дена“ биле повеќе од само времески период – тие биле симбол на храброст, надеж и одлучност на македонскиот народ да ја победи темнината и молкот што го криел неговото достоинство и желба за слобода.

Министерот Љутков посочи дека оваа манифестација не е само фолклорен настан, туку вистинско писмо кон иднината, напишано со крвта на младите востаници, во кое одекнуваат зборовите на Никола Карев: „Јас верувам во мојот народ, во неговата борба, во неговата иднина.“

Тој додаде дека како Влада не се откажуваме од заложбите за заштита на македонскиот јазик, инвестирање во националните културни установи и одбрана на историската вистина пред светот.
Од прва рака ви пренесуваме, од местото каде започна сè – ова е нашата историја, наша гордост и наша иднина.


