ПРВ.мк
Култура

Љутков: Нови 267 милиони денари дополнителна поддршка за платите и проектите во културата

Љутков: Нови 267 милиони денари дополнителна поддршка за платите и проектите во културата
Escape

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, на средба со новинарите откри што затекнал при преземањето на функцијата и кои мерки веќе се преземени за целосен рестарт на системот. Главни проблеми – заглавени капитални проекти, нефункционални институции и сложена администрација.

– „Затекнавме многу проекти што со години тапкаат во место, без јасна динамика или визија. Затоа, веднаш се фокусиравме на ревизија и рестарт на тие процеси“, изјави Љутков.

Преку ребаланс на буџетот, Министерството доби над 267 милиони денари за зголемување на платите, државни награди и поддршка на уметници – со што се решава долгогодишниот проблем институциите да исплаќаат плати од програмските средства.

Клучна мерка е и укинувањето на Агенцијата за поддршка на туризмот, чиј персонал и надлежности ќе се префрлат во Министерството. Со тоа се обезбедуваат дополнителни 605 милиони денари (околу 10 милиони евра), насочени кон конкретни проекти: Плаошник, Скопско кале, Турски театар, Агенцијата за филм, откуп на уметнички дела и поддршка за креативните индустрии.

Најавено е и формирање на Инспекторат за македонски јазик, со вработување на 12 инспектори кои ќе го следат спроведувањето на Законот за употреба на македонскиот јазик.

Според министерот, сите овие потези се насочени кон тоа да се изгради систем што е ефикасен, правичен и ориентиран кон развој.

Mia Home Mavrovo