ПРВ.мк
Македонија

НОВ ЦЕНОВЕН ШОК – Од полноќ значително поскапуваат сите горива

НОВ ЦЕНОВЕН ШОК – Од полноќ значително поскапуваат сите горива

Од полноќ во Македонија стапуваат во сила нови, повисоки цени на горивата, со што возачите повторно ќе плаќаат повеќе при секое точење гориво.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), бензините поскапуваат за 3 денари по литар, додека дизелот ќе биде поскап за 4,5 денари по литар.

Новите максимални малопродажни цени ќе изнесуваат:

  • ЕУРОСУПЕР БС-95 – 93,00 денари за литар (+3,00 денари)
  • ЕУРОСУПЕР БС-98 – 95,00 денари за литар (+3,00 денари)
  • ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) – 98,50 денари за литар (+4,50 денари)
  • Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 98,00 денари за литар (+5,00 денари)
  • Мазут М-1 НС – 48,10 денари за килограм (+2,726 денари)

Од РКЕ посочуваат дека корекцијата на цените е резултат на зголемувањето на референтните цени на светските пазари.

Економистите предупредуваат дека доколку повисоките цени на горивата се задржат подолг период, можно е тие да влијаат и врз цените на други производи и услуги, особено во транспортот и снабдувањето.

Регулаторната комисија потсетува дека станува збор за максимални малопродажни цени, што значи дека трговците имаат можност нафтените деривати да ги продаваат и по пониски цени.