ПРВ.мк
Македонија

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА МАВРОВО – Водата моментално не е безбедна за пиење

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА МАВРОВО – Водата моментално не е безбедна за пиење

Жителите на дел од Маврово привремено не треба да ја користат водата од градскиот водовод за пиење поради превентивни активности за чистење на водоводната мрежа, соопшти Јавното претпријатие за комунални дејности „Маврово“.

Од претпријатието информираат дека активностите ќе се изведуваат на потегот од селото Маврово до поштата во Маврови Анови, со цел подобрување на состојбата и редовно одржување на водоводниот систем.

Во текот на интервенцијата, граѓаните се повикуваат да не ја користат водата за пиење, туку само за технички потреби.

Од ЈП „Маврово“ додаваат дека по завршувањето на чистењето ќе бидат спроведени сите неопходни контроли на квалитетот на водата. По добивањето на резултатите, јавноста ќе биде навремено известена кога водата повторно ќе биде безбедна за консумирање.

Надлежните апелираат жителите да ги почитуваат препораките сè до официјалното известување дека водата повторно е исправна за пиење.