ПРВ.мк
Спорт

Ашраф Хакими пред суд: Се соочува со 15 години затвор за шокантно обвинение

Ашраф Хакими пред суд: Се соочува со 15 години затвор за шокантно обвинение
Escape

Латералниот дефанзивец на Пари Сен-Жермен, Ашраф Хакими, е обвинет за силување и се соочува со можност за затворска казна до 15 години. Француското обвинителство официјално побарало да се покрене судски процес против него поради настан што се случил на 25 февруари 2023 година во неговиот дом во предградието на Париз.

Жртвата, 24-годишната Рашел-Флор Пардо, тврди дека Хакими ја повикал во својот дом и дека почнал да ја допира и бакнува против нејзина волја, а потоа имале сексуален однос. Таа успеала да избега и веднаш пријавила. Истрагата трае повеќе од две години, а Хакими негира вина.

Адвокатката на Хакими, Фани Колин, изјави дека ќе се користат сите правни можности за одбрана. Фудбалерот продолжува да игра за ПСЖ, со кој ја освои Лигата на шампионите, и за мароканската репрезентација.

Обвинителството смета дека има доволно докази за судење, но тоа не значи дека Хакими е виновен додека судот не одлучи. ПСЖ го поддржува својот играч и има доверба во правниот систем. Одлуката за почеток на судскиот процес ќе ја донесе истражниот судија во наредните недели.

Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape