ПРВ.мк
Спорт

Од европски хит до борба за опстанок: Легендата на белорускиот фудбал на работ од бездна

Од европски хит до борба за опстанок: Легендата на белорускиот фудбал на работ од бездна
Escape

Пред 17 години, белорускиот фудбалски клуб БАТЕ Борисов се појави како голем хит на европската сцена. Во сезоната 2007/2008, БАТЕ за прв пат успеа да се пласира во групната фаза на Лигата на шампионите, што беше историски успех за клубот и целата земја. Никој тогаш не можеше да претпостави дека ова ќе биде почеток на една успешна ера, во која БАТЕ ќе игра уште четири пати во групната фаза на најпрестижниот клупски натпревар во Европа.

Покрај настапите во Лигата на шампионите, тимот редовно се појавуваше и во групните фази на Лигата на Европа. Цели 15 години, БАТЕ беше главната фудбалска сила од Белорусија на европската сцена. Сепак, последните три сезони го донесоа клубот во сериозни проблеми.

Во тие сезони, клубот не успеа да се пласира во европските натпреварувања, а сега ситуацијата изгледа уште понегативна, бидејќи тимот се бори за опстанок во домашното првенство. Во моментов, БАТЕ е на 12-то место со 14 бода, само три повеќе од тимот кој се наоѓа во зоната за испаѓање, Слуцк. Пред неколку дена, БАТЕ доживеа тежок пораз од 5-1 на свој терен од Витебск, што е уште еден знак за лошата форма. Во последните пет натпревари, тимот забележа само два нерешени резултати и три порази.

Покрај лошите резултати, белоруските медиуми истакнуваат и финансиски проблеми во клубот, со задоцнувања во исплатата на платите на играчите. Недостатокот на успех во Европа ги погоди и финансиските приходи на клубот, што дополнително ја влоши ситуацијата.

Историјата на БАТЕ Борисов е богата со успеси – тимот е 15-кратен шампион на Белорусија, пет пати освојувач на националниот Куп и осум пати ја подигна трофејот на Суперкупот. Последниот трофеј беше освоен во 2022 година, кога го освоија Суперкупот.

Последниот настап на европска сцена беше во сезоната 2023/2024, кога беа елиминирани во плејофот за Конференциската лига од шампионот на Косово, Балкани.

БАТЕ располага со модерен стадион, „Борисов Арена“, кој има капацитет од 13.126 седишта, но и покрај тоа клубот е на работ на големи проблеми. Многумина се надеваат дека клубот ќе се опорави, со првата цел да обезбеди опстанок во Премиер лигата, а потоа да работи на стабилизација и враќање на старите успеси.

Во моментот, ситуацијата во БАТЕ Борисов изгледа како да е на работ на бездна, и на резултатско и на организациско ниво, што претставува сериозен удар за белорускиот клупски фудбал.

Mia Home Mavrovo