ПРВ.мк
Спорт

Шокантно видео од тепачката во Белград: Делии ја опколија и нападнаа полицијата пред натпреварот на Маракана

Шокантно видео од тепачката во Белград: Делии ја опколија и нападнаа полицијата пред натпреварот на Маракана
Escape

Ново видео што се појави на интернет го прикажува сериозниот инцидент што избувна пред натпреварот помеѓу Црвена звезда и Линколн Ред Импс во квалификациите за Лигата на шампиони. Навивачите на Звезда, познати како Делии, опколија полицајци од две страни и ги нападнаа со брутална физичка пресметка на северната трибина на стадионот „Маракана“.

Овој судир се случи непосредно пред реваншот во кој Црвена звезда обезбеди убедлива победа од 5:1 и пласман во следното коло каде ќе се сретне со полскиот Лех. Според соопштението од српското Министерство за внатрешни работи, неколку полицајци се повредени, а инцидентот ја доведе безбедноста на спортскиот настан во прашање.

Министерството предупреди дека организаторите на спортски настани мора да ги почитуваат законските обврски за обезбедување на ред и безбедност и најави зголемен ангажман во иднина со цел зачувување на јавниот ред и мир на спортските терени.

ВИДЕО

Mia Home Mavrovo