ПРВ.мк
Спорт

Ѓоковиќ влегува во светот на фудбалот – станува сопственик на познат француски клуб

Ѓоковиќ влегува во светот на фудбалот – станува сопственик на познат француски клуб
Escape

Светски познатиот тенисер Новак Ѓоковиќ официјално се приклучи како еден од инвеститорите во францускиот фудбалски клуб Ле Ман. Клубот, кој оваа сезона настапува во втората француска лига (Лига 2), ги претстави новите финансиски партнери на конференција одржана во петокот.

Во инвеститорската групација е вклучен и бразилскиот фонд „Аутфилд“, кој ќе има малцински удел во сопственоста, а покрај Ѓоковиќ, дел од проектот се и Формула 1 возачите Кевин Магнусен и Фелипе Маса.

Дополнително, во структурата се вклучува и Џорџ Франгулис, партнерот на тенисерката Арина Сабаленка, кој е воедно извршен директор на компанијата „Оукбери“, што учествува преку бразилскиот инвестициски фонд.

Претседателот на клубот, Тиери Гомез, претходно најави потреба од нови партнери со цел финансиско зајакнување. Клубот Ле Ман е основан во 1985 година и има шест сезони одиграно во најсилната француска лига, но од сезоната 2009/10 не е дел од елитното натпреварување.

Mia Home Mavrovo