Еден млад турист направи вистински шок на археолошкото наоѓалиште Портара, кога беше фотографиран како гордо крева голем антички мермерен фрагмент стар повеќе од 2500 години! Оваа слика брзо стана вирална и предизвика лавина од критики и бес низ цела Грција.
Портата, последниот останок од незавршениот Храм на Аполон, е отворена за посетители без никаква контрола или обезбедување, што овозможува вакви непочитувања на културното наследство.
Освен овој турист, социјалните мрежи експлодираа и од фотографии на семејство кое направи мини-бар и скара на самиот локалитет, што дополнително ја зголеми фрустрацијата кај локалното население.
Градоначалникот на Наксос веднаш реагираше и најави поставување чувар на местото, како и барање на реставрација и воведување билети и обезбедување за да се заштити ова светилиште од понатамошни оштетувања.
Грчката јавност јасно порача: Туризмот мора да се регулира, а културното наследство да се почитува!