ПРВ.мк
Свет

ХОРОР ВО ГАЗА: Над 320.000 деца гладни, мртви 169 лица – меѓу нив и 93 мали ангели

ХОРОР ВО ГАЗА: Над 320.000 деца гладни, мртви 169 лица – меѓу нив и 93 мали ангели
Escape

Хуманитарната катастрофа во Газа достигнува застрашувачки размери. Министерството за здравство денеска објави дека уште седум Палестинци, меѓу кои и едно дете, починале од глад и неухранетост во последните 24 часа. Со тоа, бројот на жртви од глад од октомври 2023 досега се искачи на 169 – од кои дури 93 се деца.

Според официјалното соопштение, ситуацијата секојдневно се влошува. Министерството алармира дека недостигот од храна, медицинска помош и основни ресурси предизвикува неподносливо страдање, а меѓународната заедница мора веднаш да интервенира пред да биде предоцна.

Заменик-директорот на УНИЦЕФ, Тед Чајбан, кој моментално е на терен, ја опиша ситуацијата како „шокантна“. Тој сведочи дека над 320.000 деца се во животозагрозувачка состојба поради акутна неухранетост. Во еден стабилизациски центар во градот Газа, видел бебиња кои буквално се „само кожа и коски“. Мајките, исцрпени и гладни, не можеле ни млеко да произведат.

„УНИЦЕФ се обидува да помогне со поддршка за доење, храна за бебиња и лекување на најзагрозените, но потребите се енормни. По 22 месеци војна и два месеци блокада, помошта сè уште не пристигнува доволно брзо“, рече Чајбан.

Тој исто така нагласи дека од почетокот на војната се убиени повеќе од 18.000 деца, што значи просечно 28 убиени деца дневно.

И покрај делумното олеснување на блокадата, реалноста во Газа е далеку од хуманост. Сè додека светот не преземе конкретни чекори, страдањето продолжува, а секој ден носи нови мали жртви.

Mia Home Mavrovo