ПРВ.мк
Култура

Зоран Љутков со силна порака за Илинден: Овој ден е симбол на борба, достоинство и државност

Зоран Љутков со силна порака за Илинден: Овој ден е симбол на борба, достоинство и државност
Escape

Илинден не е обичен празник – тој е симбол на македонската истрајност, борба за слобода и стремежот кон државност. Овој ден секоја година нè потсетува на хероите кои го трасираа патот кон независноста, вложувајќи го најскапоценото – сопствениот живот.

Министерот за култура, Зоран Љутков, денеска учествуваше на чествувањата во Крушево, заедно со претседателката Гордана Силјановска-Давкова, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, и министерот за здравство Азир Алиу.

Свеченоста започна со полагање свежо цвеќе на гробот на Никола Карев, а потоа и на Споменикот на хероите кај месноста Слива – чин исполнет со почит и благодарност кон борците за слободна Македонија.

Во катедралниот храм „Св. Никола“ беше одржана панихида во чест на сите паднати Илинденци и АСНОМ-ци, со што духовната димензија на празникот доби особено значење.

Љутков потенцира дека Илинден е обврска и потсетник дека слободата не е подарок, туку резултат на истрајност, жртви и визија. Тој упати порака до сите граѓани да го чуваат духот на Илинден и да го пренесат на идните генерации – како завет и должност кон татковината.

Mia Home Mavrovo