Источна Австралија се соочува со екстремни временски услови кои не се забележани со децении – обилни снежни врнежи ги покрија градовите, блокирајќи сообраќај и предизвикувајќи бројни итни интервенции. Според властите, во некои подрачја се очекува да наврне и до половина метар снег до крајот на викендот, додека другите ќе се соочат со обилни врнежи од дожд.
Во северозападниот дел на Нова Англија е регистрирано најголемо количество снег во последните 20 години, објави ABC, а во Квинсленд снег паднал за првпат по цела деценија, пренесува „Ројтерс“.

Службите за итни случаи веќе одговориле на над 1.400 повици за помош. Над 100 возила останале заглавени, неколку згради се оштетени, а издадени се и повеќе предупредувања за поплави. Десетици илјади граѓани останале без струја.
Најдраматичен е случајот во Нов Јужен Велс, каде автомобил бил заглавен во поплавени улици, а една жена на возраст од дваесетина години се води за исчезната. Австралија, позната по жешките лета и пожари, сега е погодена од снежна и дождовна стихија што целосно го наруши секојдневието.
Ask ChatGPT