ПРВ.мк
Македонија

Актерот Стефан Николовски го најави НАЈГОЛЕМИОТ гивавеј досега – со силна хуманитарна порака!

Актерот Стефан Николовски го најави НАЈГОЛЕМИОТ гивавеј досега – со силна хуманитарна порака!
Escape

Актерот и стендап комичар Стефан Николовски повторно ја изненади јавноста – но овој пат со нешто што никој не го очекуваше. На својот официјален Instagram профил тој објави дека започнува огромен гивавеј со хуманитарен карактер, а правилата се едноставни, но неверојатно великодушни:

„Вашите коментари ќе си ги бројам како денари. Колку коментари ќе ми оставите, толку пари ќе донирам во хуманитарни цели.“ – изјави Николовски во стори што за кратко време стана вирално.

Овој пристап, каде што интеракцијата од следбениците директно се претвора во добрина, наиде на огромна поддршка и одушевување кај јавноста.

ПОДАРОК што се памети: BMW 520d ЛИМУЗИНА!

Како дел од гивавејот, Стефан откри дека еден од неговите среќни следбеници ќе стане сопственик на BMW 520d од 2018 година, лимузина во перфектна состојба и елегантна бела боја. Ова не е типичен Instagram гивавеј – ова е вистинска сензација.

Дополнително, најавени се уште два ексклузивни подароци, кои засега остануваат во тајност, но Николовски ветува дека ќе бидат „нешто што не се заборава“.

Се зборува дека во гивавејот активно ќе се вклучат и голем број јавни личности – актери, инфлуенсери, пејачи и спортисти. Заеднички, тие ќе помогнат оваа акција да достигне до што поголем број луѓе и да се создаде навистина масовен ефект, и во дигиталниот простор и во реалниот свет.

Стефан веќе неколку пати покажал дека не е само талентиран артист, туку и човек со огромно срце. Со овој потег, тој не само што ги активира своите следбеници, туку и директно помага на оние на кои најмногу им треба.

Гивавејот веќе е најавен како најголемиот досега на македонската сцена, и поради подароците, и поради моќната хуманитарна компонента.

Следете го @stnikolovski на Instagram за да бидете во тек кога ќе започне гивавејот!

Mia Home Mavrovo