Трагично починатиот Душко Чифлиганец, менаџер на „Адора инженеринг“, ќе биде погребан во дворот на црквата „Свети Јован Крстител“ во Ново Лисиче – свет храм кој е подигнат од неговото семејство.
Извори блиски до семејството информираат дека опелото ќе го водат свештеници од МПЦ-ОА, предводени од поглаварот г.г. Стефан.
Ова ќе биде првпат некој да биде закопан во дворот на оваа црква, која се наоѓа на брегот на Вардар и беше изградена под ктиторство на таткото на Душко – Ванчо Чифлиганец.
Денеска, на местото се појавила тешка механизација, која најверојатно го подготвувала гробното место на Душко Чифлиганец.