Ветувањето конечно стана реалност – Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), предводена од претседателот Масар Омерагиќ, го воведува ВАР системот во македонските фудбалски натпреварувања, почнувајќи од сезоната 2025/26.
Утре ќе бидат претставени новите ВАР простории во седиштето на ФФМ, а веќе од петок, 8 август, технологијата ќе биде во употреба на првите натпревари од Првата македонска фудбалска лига. Дерби натпреварите Шкендија – Шкупи 1927 и Вардар – Пелистер ќе бидат први во историјата на мак-фудбалот со видео-асистенција за судиите.
Целта на воведувањето на ВАР е јасна – зголемување на фер-плејот, намалување на спорните одлуки и унапредување на квалитетот на лигата.
Распоред на 1. коло (сезона 2025/26):
📅 Петок, 8 август
- Шкендија – Шкупи 1927 | 17:00 | Градски стадион, Тетово
- Вардар – Пелистер | 20:00 | Национална арена „Тодор Проески“, Скопје
📅 Сабота, 9 август
- Башкими 1947 – Аресими 1973 | 17:30 | Куманово
- Струга Трим Лум – Македонија ЃП 1932 | 17:30 | Струга
📅 Недела, 10 август
- Тиквеш 1930 – Работнички | 17:30 | Кавадарци
📅 Понеделник, 11 август
- Силекс – АП Брера Струмица | 17:30 | Кратово
Со оваа технолошка и организациска реформа, македонскиот фудбал прави значаен чекор напред, со надеж дека ќе добие поголем кредибилитет и поддршка од навивачите.
Ask ChatGPT