Новото истражување го прогласи лимонот за најздраво овошје во светот.
Лимонот, обично овошје кое речиси секојдневно го имаме во кујната, е прогласено за најздраво овошје на светот, покажува истражување спроведено на Универзитетот Вилијам Патерсон во Њу Џерси. Научниците го анализирале составот на 41 вид овошје, оценувајќи ги врз основа на нивната нутритивна густина – односно количината есенцијални хранливи материи во однос на калориите.
Иако многумина би претпоставиле дека на врвот ќе се најде некое егзотично, скапо овошје, токму лимонот го зазеде првото место. Ова цитрусно овошје е богато со витамин Ц, неопходен за силен имунолошки систем и секојдневна заштита од инфекции, замор и кожни иритации.
Освен тоа, лимонот содржи моќни антиоксиданти кои му помагаат на организмот во борбата против стрес, загадување и хроничен замор – состојби со кои современиот човек секојдневно се соочува. Неговата природна киселост, пак, ја поттикнува продукцијата на желудочна киселина, со што се подобрува варењето и целокупното функционирање на дигестивниот систем.
Лимонот придонесува и за природна детоксикација на црниот дроб, делувајќи како нежен „ресет“ на телото. Богат е со калиум, кој го стабилизира крвниот притисок, со флавоноиди што го штитат срцето и со влакна кои помагаат во регулирање на нивото на холестерол.
Со низок процент на шеќер, ова овошје може да се консумира и од лица кои внимаваат на нивото на гликоза во крвта. Практично, корисно и достапно – лимонот е суперхрана што не бара посебен повод за да се најде на вашето мени.