ПРВ.мк
Култура

Љутков: Универзална сала ќе биде готова до 2027 – реконструкцијата почнува оваа есен

Љутков: Универзална сала ќе биде готова до 2027 – реконструкцијата почнува оваа есен
Escape

Реконструкцијата на Универзалната сала ќе започне на крајот на септември, а нејзиното отворање е планирано за 2027 година – пред одржувањето на манифестацијата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“. Ова го најави министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, на денешниот брифинг со новинарите.

– „Пред околу две недели поднесов информација на седница на Влада дека сме ги завршиле сите процеси што сме ги имале претходно околу Универзалната сала и до крајот на оваа недела ќе биде распишана јавна набавка (тендер) по што ќе се започне со нејзина изградба“, изјави Љутков.

Тендерската постапка ќе трае околу 60 дена, а според планот, од 1 август до крајот на септември ќе бидат отворени понудите и ќе започне изградбата. Завршување на реконструкцијата се очекува до крајот на 2027 година, додека преостанатите обврски кон изведувачите ќе се подмират во 2028.

Министерот истакна дека целокупниот проект ќе биде спроведен по системот „клуч на рака“, што значи дека објектот ќе биде целосно завршен, со вклучен ентериер и партерно уредување. Претходно биле отстранети сите правни и институционални пречки меѓу Министерството, Град Скопје и Општина Центар, а со новата одлука Министерството за култура и туризам е единствен инвеститор.

Љутков објасни дека уште првиот ден по преземањето на функцијата бил соочен со сложената состојба околу Универзалната сала:

– „Навистина бев во шок. И изјавив дека еден мој потпис ќе ме вовлече во лавиринт во кој ќе одговарам кривично како министер, но и никогаш Универзалната сала нема да биде завршена. Иако бев нападнат дека го стопирам процесот, за мене беше многу важно процесот на реконструкција да трае можеби подолго, но да има правна разврска“, нагласи тој.

Извршени се и нови испитувања на конструкцијата, независно од оние нарачани од претходниот изведувач, особено поради пожарот и надворешните влијанија кои дополнително го оштетиле објектот. На основа на сите добиени забелешки е изработен нов проект што ќе овозможи финално и функционално завршување на Универзалната сала – без нови застои.

Mia Home Mavrovo