ПРВ.мк
Македонија

Затворениот базен во Кавадарци добива конечен лик – спортски капацитет за учениците и сите кавадарчани!

Затворениот базен во Кавадарци добива конечен лик – спортски капацитет за учениците и сите кавадарчани!

Градежните активности за изградба на новиот затворен базен во Кавадарци, на локацијата каде што се наоѓаше поранешниот објект „Ла Луна“, се одвиваат со засилено темпо и влегуваат во важна фаза.

Новиот спортско-рекреативен објект ќе располага со базен со димензии од 25 на 9 метри и длабочина од 1,20 метри. Неговата примарна намена ќе биде за изведување на часови по пливање и спортски активности за учениците од основните и средните општински училишта во Кавадарци, но во дефинирани термини рекреативно ќе можат да го користат и сите останати граѓани.

На терен во Кавадарци веќе е започнато лепењето на плочките во самиот базен. Паралелно со тоа, се изведуваат техничките работи во машинската просторија за филтрација и одржување на водата, а интензивно се работи и на партерното уредување на просторот околу самиот објект.

Со завршувањето на овој проект, Кавадарци ќе добие модерен и современ капацитет кој ќе го поттикне спортскиот дух кај младите и ќе понуди нови можности за рекреација на сите кавадарчани.

Најнови вести