ПРВ.мк
Македонија

ВОЗЕЛЕ БЕЗ ДОЗВОЛА, А СЕГА ОСТАНАА БЕЗ ВОЗИЛАТА: Полицијата фати двајца велешани во прекршок!

ВОЗЕЛЕ БЕЗ ДОЗВОЛА, А СЕГА ОСТАНАА БЕЗ ВОЗИЛАТА: Полицијата фати двајца велешани во прекршок!

Двајца жители на Велес се соочија со полициска мерка откако биле затекнати како управуваат возила без воопшто да имаат стекнато право на управување.

Првиот случај се случил во утринските часови, околу 09:25 часот, на улицата „Димитар Влахов“ во Велес. Полициски службеници запреле 41-годишен велешанец со иницијали И.Д., кој управувал автомобил „Фолксваген Голф“ со велешки регистарски ознаки.

При извршената проверка било утврдено дека возачот немал положено и стекнато право да управува моторно возило. Поради сторениот прекршок, полицијата му го одзела возилото.

Неколку часа подоцна, во 19:45 часот, на улицата „Благој Ѓорев“ во Велес, полициските службеници запреле уште еден возач. Станува збор за 23-годишниот Ф.Д., кој управувал мопед со велешки регистарски ознаки, исто така без да има право на управување.

И во овој случај, мопедот бил одземен од страна на надлежните.

Од полицијата потсетуваат дека управувањето возило без соодветна дозвола претставува сериозен прекршок кој ја загрозува безбедноста во сообраќајот, а контролите ќе продолжат и во наредниот период.

Најнови вести