ПРВ.мк
Македонија

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА: Три автомобили се судрија, осум лица повредени – меѓу нив и две деца!

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА: Три автомобили се судрија, осум лица повредени – меѓу нив и две деца!

Осум лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила на магистралниот пат Кичево–Охрид, во близина на селото Другово. Во судирот учествувале три автомобили, а едно лице се здобило со тешки телесни повреди.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 27 јули околу 13:35 часот. Во неа учествувале три патнички возила – „Фолксваген Тигуан“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од 76-годишниот Љ.М. од Прилеп, „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 41-годишниот С.П. од Скопје, како и „Цитроен“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од 48-годишниот Р.Р. од селото Грешница.

Во силниот удар најтешко поминал 79-годишниот С.Р. од Грешница, кој бил сопатник во возилото „Цитроен“. Тој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен на лекарски преглед.

Повреди добиле и тројцата возачи, како и повеќе сопатници. Меѓу повредените се Г.Р. (45) од Грешница, Ц.М. (76) од Прилеп, М.П. (34) од Скопје и нејзините две малолетни деца.

Сите повредени лица биле прегледани и медицински згрижени во Медицинскиот центар во Кичево.

На местото на несреќата извршила увид екипа од Одделението за внатрешни работи Кичево. Надлежните продолжуваат со истрагата за да се утврдат точните причини и околности кои довеле до судирот.

Најнови вести