Локалната патна мрежа добива нов, побезбеден лик за сите учесници во сообраќајот. Во текот на вчерашниот и денешниот ден, на терен интензивно се работи на обележување на средната разделна хоризонтална линија на локалниот пат што ги поврзува кавадаречките села Ресава и Бегниште.
Со поставувањето на новата сигнализација на оваа делница во вкупна должина од 9 километри, значително се подобрува прегледноста при возењето. Ова е од клучна важност за зголемување на безбедноста, особено во ноќните часови и при услови на намалена видливост и густа магла.
Со оваа активност се обезбедува посуштествена сигурност и подобри услови за непречено движење на локалното население и сите возачи кои секојдневно транзитираат на овој правец.




